Жири комисијата во состав Венко Андоновски (претседател), Кристина Николовска, Митко Гогов, Атина Цветаноска и Жорж Поповски (членови), на вчерашниот состанок констатираше дека од листата на десетте стихозбирки кои влегоа во поширока конкуренција, три поетски наслови посебно се издвојуваат со нивниот квалитет.
„Комисијата по темелно разгледување на ракописите и детална дискусија околу вредностите на пристигнатите дела во најтесен избор за наградата ги избра следните стихозбирки: „Читање на времето“ на Михајло Свидерски, „Кумова слава“ на Славе Ѓ. Димоски и „Соголен јазик“ на Марина Мијаковска. Редоследот нема вредносно значење“, соопшти Жири комисијата за доделување на наградата „Антево перо“.