Следната недела ќе биде доделена наградата „Антево перо“

Жири комисијата за доделување на наградата „Антево перо“ следната седмица ќе го соопшти наградениот авторски наслов, а во најтесен избор се стихозбирките „Читање на времето“ на Михајло Свидерски, „Кумова слама,“ на Славе Ѓ. Димоски и „Соголен јазик“ на Марина Мијаковска.

Жири комисијата во состав Венко Андоновски (претседател), Кристина Николовска, Митко Гогов, Атина Цветаноска и Жорж Поповски (членови), на вчерашниот состанок констатираше дека од листата на десетте стихозбирки кои влегоа во поширока конкуренција, три поетски наслови посебно се издвојуваат со нивниот квалитет.

„Комисијата по темелно разгледување на ракописите и детална дискусија околу вредностите на пристигнатите дела во најтесен избор за наградата ги избра следните стихозбирки: „Читање на времето“ на Михајло Свидерски, „Кумова слава“ на Славе Ѓ. Димоски и „Соголен јазик“ на Марина Мијаковска. Редоследот нема вредносно значење“, соопшти Жири комисијата за доделување на наградата „Антево перо“.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе