„Скупини романи“ од Македонија ќе биде претставен на меѓународен фестивал во Бугарија

„Скупини романи" (Scupini Romani) брендот со кој целосно се реконструира животот на старите Римјани, утре ќе биде претставен на меѓународниот антички римски фестивал „Нике – играта и победата" во Бугарија.

Скупини романи“ е бренд на „Хаемус“ - центар за научно истражување и промоција на културата од Скопје. Се состои од мноштво подвижни ескпонати (керамика, облека, накит, плетени предмети, сувенири) кои се дизајнирани по нарачка и рачно изработени од уметници, занаетчии и артизани по инспирација од богатото културно наследство од римскиот период откриено на територијата на Република Македонија. Концептот на Скупини романи“  е променлив во зависност од околностите и може да биде организиран како амбиентална поставка, подвижна изложба или фестивал со живи учесници.

Античкиот римски фестивал во Бугарија ќе се одржи на територијата на древниот римски град и археолошки резерват „Никополис ад Иструм“. На фестивалот ќе бидат претставени ритуали кон римските божества, античка мода, храна, занаети, монетоковање, изложба на постери и др. Скупини романи“  ќе биде дел од двата најважни настани од животот на градот низ вековите кои  ќе бидат визуелизирани од страна на 150 учесници на групи за реконструкција на античкиот Рим од Романијa, Унгарија, Македонија и Бугарија.     

„Нашата држава има силни врски со античката римска култура бидејќи територијата на Македонија со векови била дел од Римското царство. Но, наместо нашето наследство да го промовираме со статични музејски поставки, одлучивме претставувањето на „Скупини романи“ да го правиме преку меѓународни фестивали кои секаде го привлекуваaт вниманието на јавноста“,  изјави Василка Димитровска, директор на „Хаемус“. 

Првото издание на фестивалот на древната римска култура Скупини романи“ во земјава се одржа минатата година во Скопје. Тогаш посетителите видоа како изгледал древен римски град, дегустираа храна од тој период, се запознаа со облеката и накитот што го носеле древните Римјани, садовите што ги користеле, како и со занаетите што ги практикувале.

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе

„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што 'цело време се меша таму кај што не му е местото'.

повеќе

Да можеме Благуна да ја прашаме за нашите јадови околу текстот од Нивици, би ја зачудиле.

повеќе