Скопје танцовиот театар се врати од гостувањето на престижниот Холанд Денс Фестивал

На најпрестижниот фестивал за танц во Холандија (Holland Dance Festival) Скопје танцовиот театар имаше два извонредни настапи на деветти и десетти февруари, во култниот простор „Корзо“ во градот Хаг.

Станува збор за прво претставување на танцова компанија, не само до Македонија, туку од целиот регион во триесет години постоење на фестивалот, кој секогаш има извонредна програма и ги претставува најдобрите светски компании. Годинава во програмата учествуваше Марта Греам компанијата од Њујорк, како и Матц Ек, Ана Лагуна, Јиржи Килијан, Претставта „Пиксел“ и други.

Претставите на Скопје танцовиот театар поминаа извонредно, танчерите беа пречекани со долготрајни аплаузи и ја претставија своата работа, а секако и државата во најдобро светло и на највисоко уметничко ниво. Скопје танцовиот театар на директорот на фестивалот, Самуел Вуерстен, му поклони копија од златната маска од с. Требеништа, а на првата претстава на деветти февруари присуствуваше и амбасадорот на Македонија во Холандија, Н.Е. Игор Попов.

Скопје танцовиот театар со Самуел Вуерстен, директор на фестивалот

Скопје танцовиот театар се претстави со претставата „Кожа“, составена од три кратки кореографии: „Котел“ на Рисима Рисимкин, музика Тони Китановски, „Истиот извор“ на Матеа Киселичка, музика Тони Китановски / Бајрон Меткалф и „Погрешно“ на Адријана Данчевска на музика на групата „Верка“.

Во претставата учествуваа танчерите на Скопје танцовиот театар: Александра Петрушевска, Јакуб Мунко, Дејан Битровски, Матеа Киселичка, Адријана Данческа, Тринга Хиса, Анастасија Данческа, Јована Зајкова, Сара Цветковска, Тереза Лазарев и Бобан Русески. Костимите се на Балгој Мицевски, мајстор на светло Игор Ѓеорѓиев, проект менаџер Матеј Мијановиќ.

Во Хаг, Скопје танцовиот театар имаше средба и со легендарниот кореограф Јиржи Килијан, а присуствуваше и на претставата на Марта Греам компанијата од Њујорк.

Патувањето во Хаг беше поддржано од Град Скопје, а работата на Скопје танцовиот театар е поддржана од Министерството за култура на РМ.

На денешен ден, 18 февруари 2013 година, Собранието на РМ го избра Талат Џафери за министер за одбрана.

повеќе

Народот е тој што треба да кажува дали политичарите се умни, знаат, ќе одлучи или пак ќе бара нивна смена.

повеќе

„Бејоеремите" веќе многу долги години имале и имаат јазик којшто (Слушни! Слушни добро!) сите, освен нас, го нарекуваат „македонски".

повеќе