СОВРЕМЕН ТАНЦ

Скопје танцовиот театар ќе ја отвори новата сезона со претставата „Кожа“

Со изведба на балетската претстава „Кожа“ на 13 септември, со почеток во 20 часот, во Македонскиот народен театар ќе биде отворена новата сезона 2017/18 на Скопје Танцов Театар.

Претставата „Кожа“ е составена од три кореографии: „Котел“ на Рисима Рисимкин на музика на Тони Китановски; „Погрешно“ на Адријана Данчевска на музика на групата „Верка“ и „Истиот извор“ на Матеа Киселичка, избор на музика. Костимите за сите три кореографии ги направи Благој Мицевски.

Во претставата настапуваат танчерите на Скопје танцовиот театар: Александра Петрушевска, Јакуб Мунко, Матеа Киселичка, Адријана Данчевска, Дејан Битровски, Јована Зајкова и Сара Цветковска, како и гостите од Националниот балет од Приштина – Синан Кајтази, Фисник Смани и Ники Мусоли.

„Со оваа претстава започнуваме една исклучително богата сезона, бидејки веќе од следната недела старуваме со програмата низ Македонија, со која сакаме да опфатиме што поголем број на публика и да ја презентираме нашата уметничка работа низ републикава. На 09 февруари 2018 година, имаме настап на престижниот Holland Dance Festival, што претставува прво вакво гостување на компанија од Македонија, на извонредно високо ниво, во рамките на фестивал кој во театарската уметност може да се компарира со фестивалите во Единбург и Авињон. Тоа е огромна потврда за нашиот квалитет и успехот на програмата што ја создаваме“, велат од Скопје танцовиот театар.

Оваа сезона ќе стартува и новата Школа на Скопје танцовиот театар, програма за деца на возраст од 10 до 14 години, која ќе ги насочува децата кон професионален ангажман и едукација во совремниот танц. Оваа програма ќе се одвива во Скопје и повеќе градови на Македонија.

Скопје Танцов Театар е првата компанија за современ танц во Македонија, предводена од Рисима Рисимкин, како основач и уметнички директор, која активно работи во континуитет на создавање, промоција и презентација на современата танцова уметност кај нас, како и нејзин пласман на европската танцова сцена. Работата на овој театар промовира нова естетика кај нас и се занимава со истражување и продукција во областа на современиот танц.

Скопје танцовиот театар има повеќе целовечерни продукции зад себе: „Меѓусвет“, „Орландо“, „Човек во ходникот“, „Хот“, „Потрага“, серијата претстави под име „Импулс“, потоа „О!(тело)“, „СМС (сите мои слики)“, „Блесок“, „Кожа“, како и повеќе кратки кореографии.

Во неговиот репертоар, покрај делата на Рисима Рисимкин, се изведуваат дела на кореографите: Џенис Бренар, Шон Скантелбјури, Њујорк, САД; Џоан ван дер Маст, Нил Вердрун, Тим Персент, Холандија; Катцура Кан, Јапонија; а учествуваат и голем број професори-гости од странство.

На сцената на Скопје танцовиот театар свое деби, како млади кореографи имаа: Матеа Киселичка, Љупчо Атанасов, Адријана Атанасова, Дора Кокољ, Адријана Данчевска, Валентино Апостоловски, Андријана Андреева, Александра Петрушевска, Јакуб Мунко и Дејан Битровски.

Скопје танцовиот театар има остварено повеќе гостувања, низ Македонија, и во странство, и тоа на Интернационалниот фестивал за современ танц и невербален театар „Санвинченто“, Хрватска; Саем за танц во Дизелдроф и Културбункер во Келн, Германија (2012); ИТС-фестивалот во Амстердам, Холандија (2013), „Meet in Beijing“, Пекинг, Кина, и „Open stage“ програмата во Хаг и Ротердам, Холандија (2015), и фестивалот „Share“ во Братислава, Словачка (2017).

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

повеќе