Скопје на поштенски марки, монографија на Поповски и Габер

Деновиве излезе од печат интересна монографија на познатите скопски филателисти Климе Поповски и Виктор Габер „Скопје на поштенски марки – историја и мотиви".

Во оваа монографија преставени се текстови и мотиви на поштенски марки издадени во Република Македонија, во поранешната СФРЈ и со странство, а се однесуваат на историјата, културните споменици во Скопје и околината, пред и по земјотресот во 1963, како и значајните личности кои делувале во градот и меѓународните спортски натпревари кои се одржале во Скопје.

Монографијата за Скопје на поштенски марки е печатена на македонски и на англиски јазик на 114 страници, а нејзиното издавање беше овозможено и со средствата од Јавниот повик за програми и проекти од интерес за град Скопје за 2018 година.

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе