НЕДЕЛА НА ДИЗАЈН ВО СКОПЈЕ

Шестото издание на „Скопје дизајн вик“ ќе се одржи со мото „Млади брендови во подем“

На задоволство на публиката и деловниот сектор во земјава стигна најавата на шестото издание на Недела на дизајнот во Скопје (Skopje Design Week), кое годинава ќе се одржи од 23 до 27 ноември во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ (Public Room) во Скопје.

Според одзивот на претходните изданија, манифестацијата веќе ја стекна неопходната доверба на креативните автори, студија, компании и институции во чиј фокус се модерниот дизајн и креативниот потенцијал, пред сѐ, на младите претприемачи, и во таа смисла оваа година e поставена платформа која ќе ги надгради досега стекнатите организациони и комуникациски искуства.

Имајќи го предвид интензивниот развој на дизајнерските иницијативи и практики во последниве неколку години, мото на шестото издание на „Skopje Design Week“ е „Blooming Makers“ (Млади брендови во подем), со цел дополнително да ги поттикнеме и поддржиме локалните дизајнери во нивниот поход кон освојувањето на регионалниот и интернационалниот пазар, но и да им дадеме самодоверба за повидливо присуство на домашниот пазар, велат од „Јавна соба“.

Во моментов отворен е конкурсот за учество на шестото издание на „Skopje Design Week“. Дизајнерите, студијата за дизајн, компаниите, продавниците, фабриките, застапниците и дистрибутерите кои сакаат да ги изложат и продаваат своите производи за време „Skopje Design Week 2016“ можат да се пријават сѐ до 30 октомври. Производите можат да бидат од најразличен формат, материјали и бои, но значајно е да имаат истакната употреблива вредност и пазарен потенцијал. При селекција на предложените производи и брендови предност се дава на производите кои ги задоволуваат следните критериуми: функционалност, пазарен потенцијал, цена на чинење и естетика.

Деталната пријава за учество може да се најде на официјалниот сајт на „Skopje Design Week“.

До 30 октомври ќе биде отворен и конкурсот за дизајн на престилка, кој е наменет за студенти, а кој „Skopje Design Week“ го реализира во соработка со Италијанската стопанска комора во Скопје. Наградата за најдобриот дизајн ќе биде учество на летна школа на Академија Италијана во Фиренца во текот на 2017 година. Деталите за конкурсот може да се најдат тука.

Главната програма на Неделата на дизајнот во Скопје го задржува веќе испробаниот рецепт на повеќеслојна платформа која овозможува промоција, презентација, едукација, кулинарство и забава. Основниот сегмент на „Skopje Design Week“ се изложбата, презентациите и работилниците и, секако, уникатна музичката програма до доцните часови.

Земја во фокус на шестото издание на „Skopje Design Week“ е Австрија, дизајн велесила, од каде доаѓаат 28 изложувачи, така што со гордост ја најавуваме досега најголемата изложба на земја во фокус воопшто презентирана во Скопје, велат организаторите.

Во однос на презентациите го најавуваме гостувањето на еден од најуспешните дизајнери од регионот, Зоран Једрејчиќ, кој ќе го претстави концептот на Белградскиот саем за мебел, односно новата акција за Дизајн брендови од регионот и нивно директно поврзување со интернационални купувачи и дистрибутери.

Маја Лалиќ и Александар Велиновски ќе ја претстават платформата „Балканска дизајн мрежа“, нејзиното проширување во поглед на членки и настапите на подалечни дизајн-фестивали.

Оваа година за првпат ќе бидат доделени награди за Најперспективен бренд и Студентски дизајн, а програмата ќе биде дополнета со две работилници за деца, музички настапи во живо секоја вечер на сцената во „Јавна соба“, како и со кулинарски настани.

Неделата на дизајнот во Скопје е фестивал на кој се претставуваат нови и иновативни дизајн-решенија на производи, графички дизајн, брендови, ребрендирања и кампањи на производи, како и моден дизајн, а на скопската мапа на иновативноста, креативноста, вкусната кујна и доброто расположение е вцртана од 2011 година.

„Skopje Design Week“ е настан што никој од нас не треба да го пропушти, 23-27 ноември, во „Јавна соба“ – центар за дизајн и иновации. Влезот за време на фестивалот за сите посетители е слободен.

Во Мексико, Индија и Турција, жените завршуваат трипати повеќе обврски поврзани со грижа од мажите.

повеќе

Сега свесно или несвесно се оди во друг правец, сведувајќи ја  партијата  на ниво на  дебатен клуб.

повеќе

Најчести места каде што може да се препознае (и шири) говорот на омраза на интернет се всушност онлајн медиумите кои дозволуваат простор за коментирање.

повеќе