КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

Се санира архитектурата на црквата „Св. Ѓорѓи Победоносец“ во Младо Нагоричане

Со поддршка на Министерството за култура интензивно се работи на конзервација и реставрација на црквата „Св. Ѓорѓи Победоносец“, споменик на културата од 16. век во кумановското село Младо Нагоричане.

Обемната конзервацијата и реставрацијата на овој значаен споменик на културата од поствизантискиот период се одвива во повеќе фази, а стручните екипи на Националниот конзерваторски центар во моментов ги реализираат активностите за консолидацијата на архитектонско-конструктивниот склоп на црквата, изведба на дренажен систем и партерно уредување.

Според усвоената динамика, се предвидува целосната реализација на проектот, кој се однесува на архитектурата на црквата и нејзиното непосредно опкружување, да биде реализиран до крајот на годината. Потоа ќе бидат предложени мерки на заштита на фрескоживописот.

Претходно на овој сакрален објект беше извршено зацврстување на конструктивниот систем, на покривот, а беше извршена и санација на фасадите и потпорните ѕидови околу црквата.

Црквата „Св. Ѓорѓи Победоносец е трикорабна базилика со развиен впишан крст во основата. Оваа монументална гробишна црква е изградена од разнобојни обработени камени блокови, фасадно декорирана со керамопластични елементи, како една од повеќето сакрални градби во кругот на голема монашка заедница.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе