МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА

Санацијата на галеријата на икони е приоритет на новиот в.д. директор на Музејот на Македонија

На 22 јуни 2017 година м-р Гордан Николов беше поставен за в.д. директор на НУ Музеј на Македонија – Скопје. Меѓу првите проблеми со кои се зафати е санација на Галеријата на икони, која пред четири месеци настрада во невреме поради неодржување на системот за вентилација.

Роберт Алаѓозовски и Гордан Николов

Гордан Николов е роден во Скопје во 1967 година. По завршување на средното образование во гимназијата „Орце Николов“ во Скопје, студира на Филозофскиот факултет – група за етнологија, при Универзитетот во Белград, Србија, на кој дипломира во 1992 год. и се стекнува со диплома - дипломиран етнолог.

Во Музеј на Македонија - Археолошки, Етнолошки и Историски – Скопје во 1992 година почнува да работи како кустос (најнапред како приправник) одговорен за збирката „Народно стопанство“, на која работел до 1997 година, кога е прераспореден како одговорен за збирката „Народна керамика, порцелан, стакло и ликовни дела со етно мотиви“ на која работи до денес со музејско звање кустос-советник.

Николов има специјализирано музејски менаџмент во Осака, Јапонија (1999), преку програмата на Јапонската меѓународна агенција за соработка (ЈИЦА). Во јануари 2013 година се стекнува со научното звање Магистер по етнолошки науки (тема: Грнчарството во село Вранештица – Кичевско), при Институтот за географија – завод за етнологија, Природно-математички факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

Во временскиот период од 17.06.2012 до 18.06.2013 година работи во Националниот музеј за етнологија и Институт за напредни студии – МИНПАКУ. Од ноември 2016 година е избран за визитинг професор на Факултетот за архитектура при Американ колеџ – Скопје. Раководел и учествувал на повеќе домашни и меѓународни проекти од областа на етнологијата и музејскиот менаџмент, како и на проекти за заштита на културното наследство.

Член е на меѓународни организации за промоција на културното наследство, како Европската музејска академија и Форумот на словенски култури, како и меѓународните организации за заштита на културното наследство, односно македонските национални комитети на ИКОМ, ИКОМОС и „Синиот штит“.

Меѓу првите проблеми со кои се зафати Николов е просторијата во која е сместена Галеријата на икони во Музејот на Македонија, која поради оштетеност и небезбедност ќе биде санирана, а вредната збирка од 129 икони додека траат градежните зафати ќе биде преместена и соодветно заштитена во просторот на Воениот музеј кој, исто така, се наоѓа во Музејот на Македонија.

Новиот в.д. директор на Музејот на Македонија, Гордан Николов, во присуство на министерот Роберт Алаѓозовски, пред медиумите пред 20-тина дена ги покажаа проблемите на оваа национална установа, која тој ја раководеше до 2007 година.

Николов веќе формираше два тима предводени од стручни лица, и тоа Јулија Тричковска, историчар на уметност и советник конзерватор, која работела во Националниот конзерваторски центар, во Управата за заштита на културното наследство и на проект на ЕУ и ЕК на Косово, како и од в.д директорот на Конзерваторскиот центар на Град Скопје. Тие треба да ја скенираат состојбата и да достават извештај со приоритети, препораки и предлог-мерки за архитектонски решенија и санација на просторот. По известувањето од стручните лица ќе се работи на сериозно и долгорочно решение на овој проблем.

Т.Д.

Она што нѐ кочи во изнаоѓањето на решение за името е непознавањето на теоријата за преговарње од надлежните, но и од оние кои и досега учествуваа и нѐ советуваа во преговарањето.

повеќе

Премиерот имаше добра прилика во највисокиот светски политички форум, поексплицитно да ги образложи причините за спорот за името.

повеќе

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе