Во Центарот на култура „Трајко Прокопиев“

„Самоуки“-изложба на неакадемски уметници во Куманово

Изложба „Самоуки" од неакадемски уметници од Куманово ќе биде отворена вечер во 20 часот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев". Годинава на изложбата ќе учествуваат 18 автори со 40-ина дела работени во различни техники - масло на платно, акрил, скулптури, дрворези.

Роберт Цветковски, историчар на уметноста во Центарот за култура, рече дека авторите имаа своја концепција. Оваа изложба во Куманово, рече тој, се организира од 1991 година, а неакадемските уметници се пријавуваат на отворен конкурс со свои дела.

По паузата од 2012 до 2017 година, традиционалната ликовна манифестација „Самоуки" повторно ќе биде претставена пред љубителите на визуелните уметности.

Покрај Куманово, ќе биде презентирана и пред публиката во други градови од Македонија.

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе

Прашањето е претенциозно, интенционално и суштински погрешно формулирано, не го задоволува т.н. троен тест на единство и е итро, манипулативно и сугестивно.

повеќе

Ако Владата е искрена пред нацијата во своите намери да го сочува националното достоинство на македонскиот народ треба да го сподели оригиналниот текст на амандманските интервенции во Уставот.

повеќе