Романот на Македонецот од САД доби уште една награда

Второ место за најдобар автобиографски роман на фестивалот на книгата Грeјт мидвест (Great Midwest Book Festival) во Чикаго доби „Солзи на мојот град“ на Дејан Димитриески.

Романот на Димитриески веќе е добитник на две награди за 2013 година – најдобар автобиографски роман на саемот на книгата во Париз и втора награда на фестивалот на книгата во Холивуд. Романот на тетовчанецот Димитриески од Детроит веќе подолго време е бестселер на Амазаон.

Во интервјуто за МКД.Мк Димитриески најави дека во Холивуд веќе биле почнати разговорите за снимање на игран филм според приказната од романот.

Се работи за автобиографски роман за детството на Димитриески во Детроит, во еден од најопасните квартови на овој град, детство исполнето со криминал, дрога, убиства, банди... А татко ми рече дојдовме во САД затоа што тука било побезбедно, вели Димитриески.

 

 

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе