Прва проба на „Вечната куќа“ за новиот објект на МНТ

Во новиот објект на Македонски народен театар денеска се одржа првата проба на претставата „Вечната куќа“, по текст на Јордан Плевнеш, а во режија наДејан Пројковски. Со оваа претстава во септември свечено ќе биде отворен театарот.

 

„Вечната куќа“ се подготвува повеќе месеци за премиера. Таа е пишувана последниве 12-тина години, од мигот на откривање на првите документи во лисабонските архиви за една куќа покрај Вардар изградена во 1492 година, во таа клучна година на светската историја“, рече Плевнеш на денешната прес-конференција.

Според него, метафората на вечната куќа го обединува целиот свет како едно единствено семејство. Режисерот Пројковски информира дека музиката ќе биде на Горан Трајковски, сценографијата на Валентин Светозарев, а костимите на Благој Мицевски. Уште неколку соработници се очекува да се приклучат во текот на работата.

„Од денес, сите заедно почнавме една одисеја на новата сцена на Македонскиот народен театар, би рекол нашата нова фабрика за создавање соништа. Денес почнуваме да сонуваме и се радувам што околу 50-тина актери се зад мене, кои претставуваат душата, она најважното на Македонскиот народен театар“, рече Пројковски.

На прес-конференцијата по првата читачка проба, освен авторската екипа присуствуваше и целиот актерски тим. Македонските актери истакнаа дека се задоволни од новиот објект, што имаат можност да создаваат и творат во возобновениот Македонски народен театар.

„За мене ова е нешто прекрасно, нешто што се сонува. Барем јас го сонувам некаде 24 години, да почнеме нова претстава во нова зграда. Да се извадиме од мочуриштето, да тргнеме на еден чист пат, да покажеме каков театар имаме. Оваа куќа навистина ќе биде прекрасна за живеење. Текстот на Јордан Плевнеш точно ќе не понесеме да влеземе во една куќа во која цело семејство треба да се смее, да плаче, да се расправа меѓусебе, да живее заедно“, рече Тони Михајловски, пренесува МИА.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе