Прво онлајн издание на фестивалот „Илинденски денови“ во Битола

Со инструментална изведба на орото „Комитско“ и со целовечерен концерт на Ансамбл „Македонија“-Скопје, синоќа во Битола почнаа вечерите на традиционална музика и песна, на републичкиот Фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“.

Според Валентин Соклевски, уметнички раководител на фестивалот „Илинденски денови“, традицијата продолжува, фестивалските вечери почнаа со орото „Комитско“ и првпат во историјата на фестивалот само со инструментална изведба на „комитското“ од КУД „Илинден“-Битола, а потоа и со онлајн настап на фолклорни групи од странство.

„Синоќа на фестивалот ‘Илинденски денови‘ се случи нов историски момент. Фестивалските вечери почнаа со орото ‘Комитско‘, но само со инструментална изведба на КУД ‘Илинден‘ затоа што безрезервно и максимално ги почитуваме заштитните мерки за коронавирусот. Во пациото на битолскиот Музеј со аплауз беше поздравен почетокот, како и целовечерниот концерт на Ансамбл ‘Македонија‘-Скопје“, изјавил за МИА Соклевски.

Пред публиката во Битола членовите на Ансамбл „Македонија“ понудија чалгија, зурли и тапани, како и други фолклорни мотиви презентирани од нивниот традиционален оркестар.

-Веднаш по завршувањето на концертот, публиката ја проследи првата, и би рекол историска понуда, затоа што во овие 50 години никогаш не се случило, а тоа е првата онлајн интернационална фестивалска вечер. Онлајн фестивалите се нов тренд и се поддржани од светската асоцијација на фолклорните фестивали ЦИОФФ и затоа во Битола на трите онлајн фестивалски вечери ќе настапат групи од 11 држави во светот, односно од Обединетите Арапски Емирати, Хрватска, Колумбија, Грузија, Шпанија, Босна и Херцеговина, Чиле, Индија, Бразил, Северен Кипар и Северна Македонија. Доколку не беше пандемијата во Битола ќе гостуваа 17 фолклорни групи од 11 држави во светот, а сега нивните настапи се презентираат онлајн, посочи Соклевски.

Публиката од државата и светот, Републичкиот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“ фестивалот може да го следи секоја вечер од 21.30 часот на веб страницата и на Фејсбук страницата на Фестивалот,  информираат од НУ Центар за култура-Битола, домаќин и организатор на фестивалот во овој град.

МИА

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе