Промовирана книгата „Сведоштва и вистини за Воден и воденско"

Во Штип е промовирана книгата „Сведоштва и вистини за Воден и воденско" од авторката Благојка Филипчева. Организатор на промоцијата беше Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова". Претседателот на здружението, Трајче Димков, вели дека книгата во најголем дел ги содржи сведоштвата на таткото на авторката.

„Уште на почетокот, кога се роди идејата за оваа книга, бевме повикани од Благојка Филипчева да помогнеме со наши луѓе кои се по потекло од Егејска Македонија и да ѝ помогнеме со свои сведоштва да кажат што се случувало и како ја доживеале војната. Ние во тој дел помогнавме и врз основа на таа соработка имавме чест да бидеме организатори денес“, рече Димков.

Целта на настанот е да се покаже што сѐ се случувало во Егејска Македонија за време на Граѓанската војна, а според авторката, целта е да не се заборават сите оние кои загинале за Македонија.

„Јас книгата ја посветив на мојот татко и можам да кажам дека овде сите му запаливме свеќа, и тоа не само нему, туку на сите кои загинале за Македонија. Целта ми беше да не се заборават овие луѓе. Да се поклониме, длабок наклон за сите тие“, рече во своето обраќање авторката.

Настанот се одржа во штипската Библиотека, а промоторки на книгата беа Виолета Ачковска и Нада Јурукова.

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе