Во издание на „Кооперација“

Промовирана книгата „Кралицата ќе издржи“ од Весна Кираџиева

„Кралицата ќе издржи“ е втора книга на Весна Кираџиева, шесткратна атлетска шампионка на Македонија во маратон и беше промовирана во средата, на 22 декември во Аудио култура. Инаку, „Кралицата ќе издржи“ е продолжение на првата книга со наслов „Издржи кралице“, на која Кираџиева се потпишува како коавтор заедно со нејзиниот брат.

„Кралицата ќе издржи“ претставува обемно и сериозно четиво, многу повеќе од само „обична“ книга за трчање и атлетичари. Дел патописи, дел интимни исповеди во вид на извадоци од личниот дневник на Кираџиева, но и субјективни согледувања на реалната состојба на спортот, односно атлетиката во Македонија. Добро истражена и структурирана, напати сериозна, но истовремено проткаена со многу хумор и топлина, како и одлични совети и предлози, „Кралицата ќе издржи“ е практичен прирачник за животот. Пораките коишто ги пренесува авторката се универзални – важноста на образованието, истрајноста, издржливоста и мотивацијата како двигатели во остварувањето на соништата, но и неопходноста од поддршка и човечка емпатија во еден суров свет како денешниот.

„Кралицата ќе издржи“ е во издание на новата македонска издавачка куќа, „Кооперација“, а книгата на Кираџиева е „првенче“ за нив. Генералниот директор и уредник на „Кооперација“, Томе Костадиновски, вели дека во иднина очекува многу успешни проекти и соработки, особено со домашни, македонски автори.

Книгата „Кралицата ќе издржи“ на Весна Кираџиева може да се купи во сите поголеми книжарници низ Македонија, како и онлајн.

 

 

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе