Промовирана книгата „Филантропијата на проф. д-р Ванчо Чифлиганец“ на Венко Андоновски

Во Стопанската комора на Македонија, во Скопје, во присуство на претседателот на владата Зоран Заев, заменик премиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, градоначалници, академици, директори, банкари и видни личности од бизнис заедницата денеска беше промовирана книгата „Филантропијата на проф. д-р Ванчо Чифлиганец" на Венко Андоновски.

Книгата, уникатна по тоа што за прв пат донесува компаративна филозофска анализа на местото на македонската во однос на светската филантропија, преку примерот на познатиот бизнисмен и филантроп Ванчо Чифлиганец, основач и генерален директор на градежната компанија Адора инженеринг, дава оригинален приказ на зачетоците, мотивите,  развојот и оставштината што овој наш современ филантроп ја остави за за општеството.

Авторот Андоновски, анализирајќи ги Бил Гејтс (основачот на „Мајкрософт“), Марк Закерберг (основачот на „Фејсбук“) и други познати светски филантропи, во книгата истакнува дека наспроти глобалниот филантрокапитализам, нашата македонска филантропија, низ примерот на Чифлиганец, покажува еден нов феномен на повеќе „капиларни“ невидливи, филантропски дарувања за помагање на клетките и ткивото на општеството. Чифлиганец, кој многупати подвлекол дека филантропијата не се учи, туку прави, со срце и душа, за 16 години, преку Адора инженеринг и фондацијата што го носи неговото име, за заедницата издвоил повеќе од 3,5 милиони евра.

Книгата, според која темелите на филантропијата на Чифлиганец во неговите детски години се солидарноста и хуманоста на неговото скромно семејство во родното Раклиш, дава приказ на човекољубието на овој современ филантроп преку безброј хумани активности за бездомниците, социјално загрозените, болните, студентите, вработените, спортот, науката, културата, општините, граѓаните и општеството во целина.

Чифлиганец на промоцијата на книгата за неговата филантропија даде одговор на прашањето што треба да ни биде прозорец во животот, материјалното по кое трчаме секојдневно, или духовното кое како сенка трча по нас барајќи да бидеме почовечни, праќајќи силна порака до младите и сите генерации да се напреваруваме во правење добрина, затоа што тоа според него е највисокиот морален, човечки чин.

За книгата и филантропскиот лик на Чифлиганец, на промоцијата зборуваа Бранко Азески, претседател на Стопанската комора, академик Владо Камбовски, ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип, Блажо Боев, дописен член на МАНУ и авторот Венко Андоновски. 

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе