Во издание на „Просветно дело“

Промовирана е книгата „Македонски мултиетнички јазли“ од проф. д-р Петар Атанасов

Во просториите на хотелот „Бест Вестерн“ на 17 ноември беше промовирана книгата „Македонски мултиетнички јазли“ од проф. д-р Петар Атанасов. Станува збор за издание на „Просветно дело“ чија промоција ја проследија премиерот на Република Македонија, г-нот Зоран Заев, и истакнати личности од светот на политиката, науката и културата.

Книгата „Македонски мултиетнички јазли“ е резултат на повеќегодишното проучување на проф. д-р Петар Атанасов на мултикултурниот концепт како модус за востановување рамнотежа меѓу државата и општеството, меѓу колективните и индивидуалните начини на живот, како и неуморна потрага по модели на коегзистенција меѓу културно различните групи и општествени структури.

Станува збор за избор на најважните текстови напишани на оваа тема од авторот, но и еден текст што е објавен за првпат – „Од Охридскиот договор до тиранската платформа“. Најголем дел се објавени само на англиски јазик и сега ја имаат својата македонска премиера. Во неа, секој ќе пронајде и дел од одговорите кои се типични за современото општество и начините на градење мултиетнички модели на соживот.

Промотори на книгата беа д-р Горан Јанев и д-р Сашо Ордановски. Излегувањето на оваа книга лично го поздрави и премиерот Зоран Заев, кој ја истакна важноста на научноистражувачката работа на проф. д-р Атанасов во контекст на градењето мултиетничко општество за сите.

На денешен ден, 18 февруари 2013 година, Собранието на РМ го избра Талат Џафери за министер за одбрана.

повеќе

Народот е тој што треба да кажува дали политичарите се умни, знаат, ќе одлучи или пак ќе бара нивна смена.

повеќе

„Бејоеремите" веќе многу долги години имале и имаат јазик којшто (Слушни! Слушни добро!) сите, освен нас, го нарекуваат „македонски".

повеќе