Во издание на Ми-Ан

Промоција на првиот Речник на антоними во македонскиот јазик од Емил Ниами

Во паркот пред Културно-информативниот центар – Скопје вечер ќе биде промовиран Речникот на антоними во македонскиот јазик од Емил Ниами, издаден од Книгоиздателство Ми-Ан.

Во Речникот статиите се дадени во азбучен редослед на доминантата која избира антонимиски пар, кој се употребува најчесто и има најнеутрална симетрија во поглед на стилот и на семантичкиот полнеж. При толкувањата се користени постоечките речници: Речник на македонскиот јазик со српскохрватски толкувања, Т. 1 – 3; Мурговски З. Толковен речник на македонскиот јазик; Толковен речник на македонскиот литературен јазик, том I – IV; Ширилова В. Голем лексикон на странски изрази и зборови.

Промотори ќе бидат Симона Груевска – Маџоска и Мишел Павловски, а предвидена е и музичка изведба на Билјана Петровска – пијано.

Емил Ниами дипломирал на Филолошкиот факултет Блаже Конески во Скопје на групите за руски јазик и книжевност и американски студии. Работeл во А1 телевизија и во дневниот весник Време на различни позиции. Во 2007 година ја одбранил магистерската дисертација Паронимите во македонскиот во споредба со рускиот јазик. Истата година заминува како лектор по македонски јазик на московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов“. Во 2010 година ја брани докторската теза Антонимите во рускиот во споредба со македонскиот јазик.

Од 2015 година работи во Рускиот центар при УКИМ. Тој е преведувач на голем број дела од уметничката литература, но и на публицистика. Автор е на голем број научни и научно-популарни трудови објавени во земјава и во странство. Негово поле на интерес се лексикологијата, лексикографијата, традуктологијата и социолингвистиката.

Емил Ниами е автор на првиот Речник на паронимите во македонскиот јазик.

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе