Промоција на „Праисториска читанка и вежбанка за млади истражувачи“

Центарот за научни истражувања и промоција на културата ХАЕМУС, утре во интерактивното катче помеѓу Домот на АРМ и „Меморијалниот музеј на Мајка Тереза“, ќе организира промоција на „Праисториската читанка и вежбанка за млади истражувачи“ на авторите м-р Василка Димитровска и Бисера Наумовска. Промоцијата е дел од настанот „Ден на граѓанските организации 2022“, организиран од Цивика (Civica Mobilitas).

 

„Праисториска читанка и вежбанка за млади истражувачи“ е посветена на праисторијата - еден од најмистериозните периоди од развитокот на човекот. Во неа сите заинтересирани ќе најдат посебно објаснувања за секој од праисториските периоди, кои се неговите најважни карактеристики и најпрепознатливи предмети кои може да се видат во музеите. Читанката содржи исто така и голем број интерактивни археолошки вежби кои ќе ја разгорат фантазијата и креативноста на младите истражувачи и ќе им создадат можности за нови искуства. Во рамките на оваа промоција ќе се одвива и интерактивна креативна работилница „Тајните кодови на каменото доба“.

„Млад истражувач“ е образовна програма на ХАЕМУС со педагошки карактер, наменета пред сѐ за деца и млади. Оваа програма и едиција опфаќа широк спектар на боенки, читанки, вежбанки, како и интерактивни сетови и едукативни настани за богатото македонско културно наследство.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе