Куманово

Промоција на поезијата „Пирот на вештерките“

Во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“ вечер ќе биде промовирана збриката поезија „Пирот на вештерките“ од авторката Даница Петровска. Промоторот Љубиша Петровски пишува дека поетскиот свет на авторката е исполнет со сосредоточувања кон појавите и предметите во природата испреплетени со имагинативноста, надприродноста со метафизички и надискуствени емоции.

„Во песните на авторката се забележува и нитката на взаемната поврзаност на готиката, мистиката, прироидното и метафизичкото-натприродното. Провејува и ликот на готската жена која оставена и препуштена на самата себе, која се справува со темнината на она материјалното, овоземското“, вели Петровски.

Преку структурата на песните, авторката остава простор читателот  да креира индивидуална, претстава, во зависност од неговата имагинативна можност и умешност.

Промоцијата пред кумановската читателска публика ќе се одржи со почеток во 20 часот.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе