Промоција на книгата за деца „Приказни од облаци” од Кристина Тот

Во кафе-книжарницата Буква денеска од 20 часот ќе се одржи промоција на книгата за деца „Приказни од облаци” од Кристина Тот во издание на „Или Или”.

Книгата ја сочинуваат пет извонредни и поучни приказни „Приказна за лилјакот што сакаше да биде птица”, „Малото рипче што си ја загуби перката”, „Приказна за меурчињата”, „Кралот на белоушките” и „Чичкото што имаше речиси сто години”.

„Овие приказни нè поттикнуваат да ја зачуваме нашата љубопитност, будноста и чувствителноста на малите деца кои го откриваат и освојуваат светот, а тоа се вештини што често ги губиме со текот на времето, со нашето раснење”, пишува во соопштението од „Или Или”.

Оттаму наведуваат дека авторката пишува смело за скриени, неизговорени табуа, ги воведува во светот на децата со приказни што одат по тенката линија помеѓу бајките и реалноста, но кои ни кажуваат за важни фрагменти, настани или личности од реалноста.

„Целта на овие кратки приказни е да го прошират знаењето на малите деца за светот и да им дадат можност да размислат за истиот. Да размислуваат за уникатноста на сите суштества во светот – дури и за самите себеси и другите околу нив – и убавината на животот, и покрај нејзината кревкост. Овие бајки доловуваат длабочини и височини, безвременски и минливи, радост и тага, и го гледаат светот како целина и како чудо во кое е вредно да се живее”, додаваат оттаму.

Кристина Тот (1967, Будимпешта) студирала унгарска книжевност. Добитничка е на неколку награди и нејзината поезија и проза се преведени на повеќе јазици. Живеее во Будимпешта и освен што се занимава со пишување и преведување од француски јазик, дизајнира и витражи.

Објавувањето на детската книга „Приказни од облаци” од Кристина Тот е дел од проектот „Европска литература: зачувување на солидарноста во заканувачки контексти”, кофинансиран од програмата „Креативна Европа” на Европската Унија.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе