Утре во клуб Матица

Промоција на книгата „На своја кожа продолжи со насмевка“ на Мирослав Драганов

Мирослав Драганов, од Институтот за човекови права утре ќе ја промовира својата книга „На своја кожа продолжи со насмевка" . За датум на промоција на книгата Драганов го одбра својот роденден и најавува дека на 28 февруари 2019 ќе размениме илјадници насмевки.

„Со издавачката куќа „Матица" и со сите вас заедно ќе направиме особено драга промоција на мојата прва книга со наслов „На своја кожа продолжи со насмевка".Подгответе се за позитивна енергија и атмосфера за паметење. Бидете дел од овој настан за да видите зошто ова не е е само една обична промоција на книга. А до тогаш запомнете само три работи: датумот: 28 февруари 2019 (мој роденден), времето: 19:00 часот, местото: Книжарницата Матица (на добро познатата локација на бул. Климент Охридски во Скопје)", најави авторот во поканата.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе