Пролетен читателски предизвик од Феникс

Издавачката куќа Феникс, во пресрет на Меѓународниот саем на книгата во Скопје, ја започна својата најнова акција Пролетен читателски предизвик.  

Објавени се 9 нови книги за деца и млади, а со цел да се анимираат најмладите читатели, распишани се конкурси за литературни и ликовни творби инспирирани од темите, мотивите и ликовите на книгите. Исто така, инициран е и квиз со прашања за содржините на делата, а за секоја прочитана книга се добиваат наградни купони со поени за попусти. 

Ризницата од книги за деца и млади е збогатена со следниве нови наслови: Патувањата со моето семејство, Повторно на патување и Патувачки циркус од Мари-Луиз Геј и Дејвид Хомел, Раскази од песокта од Рената Пјатковска, Сири и безгрижното коњче, Сири и храброто зајаче и Сири и исчезнувачката ѕвезда од Тина Нопола и Мерви Линдман, Календарот на Маите од Викторија Ледерман и Тајните на напуштената куќа од Снебјорн Арнгримсон. 

 

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе