При Природноматематичкиот факултет

Професорот Коста Пеев му донираше скапоцени етнолошки и лингвистички материјали на Институтот за етнологија и антропологија

Денес на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ деканот, проф. д-р Ицко Ѓоргоски и д-р Коста Пеев, професор на Филолошкиот факултет во пензија, потпишаа договор за донација. 

Со него проф. Пеев на Институтот за етнологија и антропологија при Природноматематичкиот факултет му отстапува книги, фотографии, ракописи и аудио материјали, собирани во последните педесетина години, кои содржат скапоцени етнолошки и лингвистички информации. 

Тие ќе бидат чувани во посебна збирка „Проф. д-р Коста Пеев“ во склоп на библиотеката и архивот на Институтот за етнологија и антропологија, кој ја поседува и најголемата дигитална архива од оваа област во земјата. Истовремено, Институтот е овластен субјект за заштита и чување на нематеријалното културно наследство, а јазикот и дијалектите се токму дел од него.

Проф. Коста Пеев (1936) е еден од најстарите живи слависти и македонисти, студент на Блаже Конески и експерт за дијалектите на Егејска Македонија. Негови обемни студии се „Речник на македонските дијалекти од југоисточниот дел на Егејска Македонија“ (во шест тома), „Кукушкиот говор“, „Дојранскиот дијалект“ и друго.

За своите заложби професорот Пеев неодамна од претседателот на државата, Ѓорге Иванов, го доби и највисокото признание, орден за заслуги, од областа на македонистиката.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе