Во Кинотека на Македонија

Проекција на филмот „Кеиф“ - влезот е слободен

Вечерва со почеток од 20. часот во Кинотека на Македонија ќе биде прикажан документарниот филм „КЕИФ" (Македонска чалгиска традиција), кој премиерно беше прикажан на фестивалот СИНЕДЕЈС.

Документарниот филм „КЕИФ" (Македонска чалгиска традиција), кој својата премиера ја имаше на 11 ноември оваа година, во рамките на фестивалот СИНЕДЕЈС, ќе има и две проекции во Кинотеката на Македонија, денес (четврток) од 20.00 часот и утре (петок) од 18.00 часот.

Влезот за двете проекции е слободен.
Филмот го следи развојот на чалгијата во Македонија, западните влијанија, резултатите од оваа синтеза и секако, нејзиното појавување во денешниот контекст, преку интервјуа со македонски музичари, но и светски познати уметници како Кудси Ерѓунер, Омар Фарук Текбилек, Ѓунај Челик, Симон Шахин итн.
Во реализацијата на филмот учествуваа режисерот и монтажер Блаже Дулев, сценаристот Ристо Солунчев, кинематограферот Горан Наумовски, дизајнерот на звук Дарко Спасовски Пацки, продуцентите Горан Стојилковиќ и Владимир Стојчевски. Филмот е во продукција на Award Film & Video и истиот е реализиран со поддршка од страна на Агенцијата за филм на Република Македонија.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе