Солидарноста ја збогатува уметничката колекција

Признати светски уметници подарија дела на Музејот на современа уметност

Уметничката колекција на Музејот на современа уметност во Скопје е збогатена со уште неколку значајни дела кои ги подарија холандскиот визуелен уметник Јонас Стаал (Jonas Staal) и рускиот колектив од уметници, критичари, филозофи и писатели „Что делат" (Што да се прави). Скопје како град на солидарноста по земјотресот од 1963 ја разбуди солидарноста меѓу уметниците во светот, кои постојано донирајќи дела, ја збогатуваат колекцијата на Музејот на современа уметност.

Уметникот Јонас Стаал ја подари својата инсталација „Нови Сојузи" (New Unions 2016 – 2019), која е дел од изложбата „Сѐ што ни е заедничко" курирана од Мира Гаќина и Јованка Попова.

Рускиот колектив „Что делат" го подарија нивното видео „Becoming With the Museum" за постојаната поставка, која ќе се отвори годинава во Музејот. Ова видео беше продуцирано од „Контрапункт" и развиено преку перформанс во рамки на „Крик фестивалот", кој се одржа во Музејот во 2017 година.

„Светски познатите уметници се свесни за значењето на нашиот музеј, затоа и донираат свои дела. Музејот на современата уметност - Скопје е симбол на солидарноста на некогашно солидарно Скопје. По катастрофалниот земјотрес 1963 година, се разбуди светската солидарност, не само во материјална помош за срушеното Скопје, туку и за подигнување на духот на настраданите. Многу светски реномирани уметници донираа свои дела во тоа време. Така почна и да се создава уметничката колекција на музејот. Денес, МСУ располага со богата уметничка колекција... од Пикасо, преку Калдер, Џаспер Џоунс, до Вазарели и многу други. Тој тренд интензивираше последниов период." вели директорката на Музејот на современа уметност – Скопје, Мира Гаќина.

Инсталацијата „Нови сојузи" од Стаал е уметничка и политичка кампања, чија појдовна точка е тековната политичка, економска, хуманитарна и еколошка криза во Европа со цел да ги здружи претставниците на трансдемократските движења и организации за да предложи сценарија за некои нови идни сојузи. Воопшто, делата на Стаал се однесуваат на врската помеѓу уметноста, пропагандата и демократијата и се изложувани во Музејот Stedelijk во Амстердам, M_HKA во Антверпен, Музејот модерна во Стокхолм и Уметничкиот центар Nam June Paik во Сеул, како и 7 Берлинско биенале, 31 биенале во Сао Паоло и 12 биенале во Тајпеј.

Подареното видео од рускиот колектив го документира процесот во кој „Что делат" работат со група млади уметници и создаваат перформанс, кој го прикажува односот на учесниците со избраните уметнички дела од колекцијата на МСУ. Делото го поврзува макронаративот на различните уметнички дела (кога и како се создаваат, нивното општествено значење) со микронаративот на секој изведувач, кој преку своето тело и лирски текст го објаснува односот со избраното делото. Делото е освежувачко мапирање на музејот и историјата на младата генерација што го активира трансформативниот потенцијал на музејот. Колективот „Что делат" (Што да се прави?) има за цел да ги спои политичката теорија, уметноста и активизмот. „Что делат" се залагаат за еднаквост на сите луѓе, борејќи се против различните форми на патријахатот, хомофобијата и родовата нееднаквост. Своите идеи ги пренесуваат преку: филм, театарски претстави, радио програми, мурали, јавни кампањи и семинари.

Рускиот колектив има соработувано со Документа 12 во Касел во 2007 година, 11-то издание на Биеналето Гвангжу во 2016 година, Програма за практика на Гараж Музејот во Москва во 2017 година.... И имаат изложувано на многу светски биеналиња, уметнички галерии и музеи низ светот како во Шангај, Москва, Мексико Сити, Берлин, Сан Паоло, Ливерпул, Њујорк, Лондон, Љубљана...

Претходно и светски реномираната кубанска уметница Тања Бругуера, која живее и работи на релација Њујорк - Хавана ја подари на МСУ – Скопје својата видео инсталација со наслов „Само-Саботажа".

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе