Алаѓозовски во Шутка

Примерните затвореници ќе посетуваат културно-уметнички настани за подобра ресоцијализација

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски и директорот на КПУ Затвор Скопје, Ѓоко Котевски потпишаа Меморандумот за соработка, во кој меѓу другото се предвидени  културно-уметнички содржини за осудениците во Шутка, вклучувајќи посети на културно уметнички настани за најпримерните осуденици, збогатување на библиотеките, организирање работилници и културно уметнички настани за самата установа од осудениците и со гости уметници.

„Со овие активности не само што ќе овозможиме подобра ресоцијализација и подобра атмосфера во оваа установа, туку со подобрувањето на условите придонесувме и кон исполнување на меѓународните стандарди во местата каде што престојуваат лица лишени  од слобода“, рече Алаѓозовски. 

Според него, Министерството е расположено да им помогне на казнено-поправните установи во оваа насока и доколку оваа пилот програма се покаже како успешна да се примени и во другите казнено поправни установи во Македонија. 

Директорот на затворот кажа дека Меморандумот опфаќа и активно вклучување на осудените лица во проекти за изучување на одредени вештини, како што се копаничарството, вајарството, сликарството, за кои, како што рече, ќе бидат обучени осудените лица за периодот по излегување од затворите. 

„Затворот Скопје работи активно на повеќе програми и повеќе проекти. Во соработка сме со Министерството за труд и социјална политика и Министерството за образование, потпомогнати од УНДП за рестартирање на нашата столарска и браварска работилница, за перофесионална доградба и ангажман на нашите осудени лица“, изјави Котевски.

Новата мерка ќе почне со реализирање на посета на културно уметнички манифестации, а подоцна со здруженија на граѓани и институции кои ќе понудат помош ќе се почне и со најавените работилници во кои ќе учествуваат затворениците.

 

Црпнатиот Принц од Муртино и библиската земја.

повеќе

Денес спортот и спортистите се дел од политиката и служат како средство за препукување меѓу политичарите.

повеќе

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе