Презентирани повиците од програмата „Креативна Европа" – потпрограма Култура, краен рок за аплицирање е 23 февруари

Информативна сесија за програмата „Креативна Европа" – потпрограма Култура се одржа денеска во Музејот на Македонска борба во Скопје, на која заинтересираните апликанти можеа да слушнат нешто повеќе околу тековните повици. Програмата ја спроведува Министерството за култура, и е наменета за културните и креативните сектори.

За време на сесијата, Билјана Прентоска од Министерство за култура – Одделение за Креативна Европа на ЕУ – Потпрограма Култура, ги презентираше повиците за категориите „Проекти за соработка" и „Циркулација на европски книжевни дела" за оваа година.

„Целата програма ја спроведува Министерството за култура преку Одделението за „Креативна Европа" – потпрограма Култура. Културните и креативните сектори опфаќаат голем број на сектори, дисциплини и организации. Можат да бидат владини, невладини, локални или образовни установи, приватни организации или приватни бизниси, кои делуваат во креативните и културните сектори“, изјави Прентоска пред почетокот на информативната сесија.

Таа напомена дека дијапазонот на апликантите е навистина многу широк, дури, како што рече, не мора да се специфизирани конкретно за културните и креативните сектори. Но, доколку можат со нивната активност да дадат придонес во овој сектор, добредојдени се да аплицираат.

Програмата „Креативна Европа" – потпрограма Култура е за наредниот седум годишен циклус, односно завршува во 2027 година. Краен рок на поднесување на апликациите е 23 февруари.

„Втората категорија е категорија за „Циркулација на европски книжевни дела", по претходната програма од нашиот издавачки сектор, затоа што тие беа потенцијалните апликанти, и позната беше како категорија за литературни и книжевни преводи. Новата програма има нови финеси, нови приоритети, нов начин на поднесување на електронската апликација“, додаде Прентоска.

Таа појасни дека Одделение за Креативна Европа на ЕУ во Министерството за култура паузирало минатите две години поради спроведување на процесот на преговори за политичко учество во оваа програма со потпишување на меѓународен договор преку Министерството за култура и ЕУ. Но, како што додаде, тоа не значи дека апликантите не аплицирале изминативе две години, бидејќи програмата ретроактивно се спроведуваше во земјите кои не се членки на ЕУ и кои ги спроведуваат тие процеси на потпишување на меѓународен договор.

На денешната сесија, меѓудругото и Здружението за мултиетничко музичко образование „Рома Рок Скул" – Скопје го претстави проектот „Музиката поврзува: Рок музиката поттикнува инклузија низ Европа", а своите проекти ги претставија и двата културни оператори „Бата пресс милениум" и Друштвото за издавачка дејност „Сказнувалка".

Серијата информативни сесии продолжува уште во четири градови – на 25 јануари во Велес, на 26 јануари во Tетово и Гостивар, а на 27 јануари ќе биде организиран информативен настан во Штип.

Организатори на информативните сесии се Министерството за култура – Одделение за Креативна Европа на ЕУ-потпрограма Култура, во соработка со Музејот на македонската борба, Театарот „Јордан Х.К.Џинот" во Велес, Центарот за култура „Иљо Антески – Смок" во Тетово, Центарот за култура „АСНОМ" во Гостивар и Центарот за култура „Ацо Шопов" во Штип, како и корисниците на програмата „Креативна Европа – потпрограма Култура" – Здружението за мултиетничко музичко образование „Рома Рок Скул", „Бата прес милениум" Д.О.О. и Друштвото за издавачка дејност „Сказнувалка" од Скопје.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе