Претставата „Се викам Горан Стефановски“ на Драмски театар на „Стеријино позорје“ во Нови Сад

Драмски театар Скопје со претставата „Се викам Горан Стефановски“ во режија на Бранислав Миќуновиќ ќе гостува на 67-то „Стеријино позорје“ во Нови Сад во рамките на меѓународната програма „Кругови“.

Како што информираат од Драмски театар, драматург на претставата која што ќе биде изведена во недела на 29 мај е Бранислава Илиќ, драмски писател и професор на Факултетот за драмски уметности во Белград.

Претставата е авторска адаптација од изборот на драми и монтажа на сцени од седум драми на Горан Стефановски напишани во период од 1987 до 2021 година („Црна дупка“, „Лонг плеј“, „Сараево“, „Казабалкан“, „Хотел Европа“, „Euroalian“ и „Одисеј“)

Сценограф на претставата е Александар Дениќ, а автор на музиката Влатко Стефановски.

Улогите во претставата ги толкуваат актерите: Биљана Драгиќевиќ – Пројкоска, Јелена Жугиќ, Софија Куновска, Соња Стамболџиоска, Ана Димитрова, Мето Јовановски, Драган Спасов – Дац, Игор Ангелов, Златко Митрески, Стефан Вујисиќ, Дамјан Цветановски и Саша Димитриевска.

Драмски театар Скопје првпат учествувал на „Стеријино позорје“ во 1966 година со претставата „Богомилска балада“.

 

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе