Премиера на претставата „Демократија“ во прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“

Претставата „Демократија“ од  рускиот поет, нобеловец и добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата, Јосиф Бродски, синоќа  беше премиерно изведена во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, во режија на Кирил Петрески.

Текстот од Бродски е македонска праизведба, пишуван е во бурната 1989 година, во време на рушење на Берлинскиот ѕид, обединувањето на Германија, распаѓањето на Варшавскиот Пакт и почетокот на распадот на Советскиот Сојуз.

„Демократија“ е политичка гротеска за една измислена земја, за едни измислени ликови, но за реални проблеми кои што се совпаѓаат со проблемите на повеќето земји од Источна Европа или Западен Балкан.

Претставата духовито и умешно го прикажува неочекуваното воведување на демократија во една мала социјалистичка држава.

Во претставата играат Марјан Чакмакоски, Димитар Ѓеоргиевски, Ангела Наумоска, Михајло Миленкоски, Димитрина Мицкоска, како и младите Давид Папазоски и Теодора Трајческа. Сценографијата е на Зоран Николовски, автор на музиката е  Марјан Неќак, а на костимите Розе Трајчевска.

 

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе