Премиера на долгометражниот филм „Незаборавна пролет во заборавено село“

Долгометражниот игран филм „Незаборавна пролет во заборавено село", по сценарио и режија на Куштрим Бектеши, вечер во 19:30 часот ќе биде премиерно прикажан во киното „Синеплекс"- Скопје.

Од 11 април филмот ќе биде на редовниот репертоар на кино „Милениум" и ќе продолжи да се прикажува две недели, секој ден од 17:30 часот и 22:00 часот.
Својата меѓународна премиера филмот ќе ја има на официјалната програма на Московскиот Меѓународен филмски фестивал, кој се одржува од 18 до 25 април.
Филмот е снимен во селото Ѓономаљ во Општина Корча (Албанија).
Улогите во филмот ги толкуваат повеќе актери од Северна Македонија, Албанија, Косово и Бугарија.

Филмот е во продукција на Мануфактура Продукција (Македонија) и Сашо Павловски, во копродукција со Медиа&Филм Продукција (Косово) и Мумин Јашари, Ска-ндал Продукција (Албанија) и Генц Пермети, и Скупифестивал (Македонија) со Музбајдин Ќамили и Осман Ахмети.

Филмот финансиски е подржан од Агенцијата за филм на Македонија и Центар за Кинематографија на Косово, Национален центар за кинематографија на Албанија, Радиотелевизија на Косово, Македонска Радиотелевизија 2 и Радиотелевизија на Албанија.

Директор на фотографија е Алмир Џиколи, композитор Тримор Доми, монтажер Радован Петрович, сценограф Дурим Незири, костимографка Жаклина Крстевска, дизајнер на звук Дарко Спасовски. 

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе