СТРИП

Повеќе македонски автори ќе учествуваат на стрип-фестивал во Србија

Главен град за сите вљубеници во деветтата уметност од регионот од 24 до 26 јуни оваа година повторно ќе биде српскиот град Лесковац, каде по 18-ти пат ќе се одржи Балканската смотра на млади стрип-автори. Честа да ја отворат оваа најстара стрип-манифестација на територијата на бивша Југославија и оваа година ќе им припадне на македонските автори.

На 24 јуни, во 16 часот, Никола Темков пред публиката ќе ги претстави стриповите во издание на издавачката куќа „Стрип Квадрат“ од Скопје, со што ќе ја прогласи Смотрата за отворена. Нешто подоцна, во 19 часот, ќе биде промовиран вториот број на „Алманах“, книгата „Македонскиот стрип во едицијата Никад робом“, како и стрип-албумот „Цар Самуил“, сите во издание на Стрип-центарот на Македонија – Велес.

Традиционално, на наградниот конкурс на Балканската смотра на млади-стрип автори, и оваа година масовно учествуво земаат стрип-автори и ентузијасти од цела Македонија. Меѓу позвучните имиња се Смиле Цветановски, кој неодамна го објави стрип-албумот „Стапче и Шишка“, Тони Анастасовски, Дарко Богданов и Јордан Коцевски. На конкурсот, овој пат во ревијалниот дел, учествува и Александар Стеванов од Штип, кој минатата година на оваа манифестација беше прогласен за најдобар млад балкански стрип-сценарист.

За потсетување, минатата година на, до тогаш, најмасовната Балканска смотра на млади стрип-автори учество зедоа безмалку сто стрип-цртачи и сценаристи од Македонија, од кои околу две третини своите стрипови ги испратија преку Стрип-центарот на Македонија – Велес.

Во Мексико, Индија и Турција, жените завршуваат трипати повеќе обврски поврзани со грижа од мажите.

повеќе

Сега свесно или несвесно се оди во друг правец, сведувајќи ја  партијата  на ниво на  дебатен клуб.

повеќе

Најчести места каде што може да се препознае (и шири) говорот на омраза на интернет се всушност онлајн медиумите кои дозволуваат простор за коментирање.

повеќе