МЕМОРИЈАЛНА ИЗЛОЖБА

Поставката „Ана Франк - Лекции за сегашноста“ ќе може да се посети во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите во Скопје

Церемонијалното отворање на патувачката изложба „Ана Франк – Лекции за сегашноста“ ќе се одржи на 4 февруари 2016 година, со почеток од 19.30 часот во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија. На отворањето ќе се обратат Н.Е. Вилем Воутер Пломп, амбасадор на Холандија во Република Македонија, Дона Костуранова, извршен директор на Младински образовен форум, Горан Садикаријо, главен извршен директор на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, Јован Теговски, Национален координатор за меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот, проф. Мишо Докмановиќ и Бесник Емини.

Изложбата претставува збир од триесет и девет изложбени панели кои носат бројни детали од животот на малата Ана и нејзиното семејство од Втората светска војна. Изложбата е отворена во Македонија во рамки на проектот „Хисторија, Историја, Повјест – Лекции за денес“, а организатори се Младински образовен форум и Куќата на Ана Франк од Амстердам.

Во изложбата има и панели кои се креирани посебно за македонскиот контекст во периодот по Втората светска војна до денес, а изработени од домашните експерти Мишо Докмановиќ и Бесник Емини. Она што ја прави оваа изложба поинаква е што водичи за посетителите ќе бидат млади волонтери, средношколци кои поминале обука за да ја раскажат приказната на Ана Франк.

Во текот на февруари изложбата ќе биде отворена за посетители во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, а влезот ќе биде бесплатен. Во текот на годината изложбата ќе патува низ повеќе градови во Македонија.

Изложбата во Македонија е изработена и донесена во рамки на проектот „Хисторија, Историја, Повјест – Лекции за денес“ поддржан од Европската Комисија. Во рамки на проектот воден од „Ана Франк Хаус“, а во соработка со организациите МОФ, ХЕРМЕС, Младинска иницијатива за човекови права и Отворена комуникација, изложбата ќе биде достапна за младите од Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија. Во Македонија изложбата доби поддршка од Министерството за надворешни работи, Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и Холандската амбасада.

Проектот има за цел да го покрене вниманието и поттикне дискусија за настаните од блиското минато на Западен Балкан кои се причина за различни поделби и генерирање на конфликти во минатиот век. Преку промовирање на критичко размислување за настани од историјата и нивното значење во современото време и случувања, целта на „Ана Франк Хаус“ и партнерите е да се постигне помирување преку дијалог за заедничкото минато.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе