Европска музејска академија

Посебно признание на Музејот за македонската борба

Музејот на македонската борба – Скопје беше номиниран за најдобар музеј во Европа за наградата Мичелети (Micheletti) за 2013 година во категорија на историски и военоисториски музеи во организација на Европската музејска академија (ЕМА).

Во конкуренција на 21 врвна институција од Европа, Музејот на македонската борба – Скопје доби посебно признание за ентузијазмот и за големите достигнувања во зачувувањето на националното богатство, како охрабрувачки знак на виталност во европската практика. Од страна на директорот и претседателот на ЕМА беше истакната презентацијата на музејот како особено инвентивен начин на претставување и пример за идните кандидати.

Годинашното доделување на наградата се одржа на дводневната конференција на 26 и 27 април во Бурса, Република Турција, на која беа презентирани најновите трендови во европската музеологија.

Добитник на наградата Мичелети за 2013 година е Армискиот военоисториски музеј од Дрезден, Германија.

 

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе