Поддршка од ЕУ за реконструкција на локалитетот Хераклеа во Битола

Проектот на Европската Унија за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија, со вкупен буџет од 704.590 евра од кои 600 илјади се обезбедени од ЕУ, опфаќа реконструкција на археолошкиот локалитет Хераклеа Линкестис, со цел негово зачувување за следните генерации, но и зголемување на неговата пристапност и содржина, со цел да се направи локацијата попривлечна за посетителите.

Вториот дел од проектот, спроведен во Пустец, Албанија, е насочен кон воспоставување на нов изложбен простор, музеј „Стерјо Спасе“, со цел да се заштити и промовира културното наследство во општина Пустец.

Наскоро, ЕУ ќе започне нов повик за предлози во рамките на програмата за прекугранична соработка со Албанија. Идејата е да се финансираат прекугранични проекти поднесени од општини, невладини организации и локални институции од областа на животната средина, адаптација и ублажување на климатските промени, спречување и управување со ризици, туризам и културно и природно наследство, конкурентност, развој на деловни и мали и средни големи претпријатија, трговија и инвестиции. За овој повик има алоцирано вкупно околу 5 милиони евра.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе