Почнува фестивалот Македонско културно лето 2020 во Пустец

Со концерт на Андријана Јаневска, во пандемиски услови, почитувајќи ги мерките и препораките од надлежните, почнува 13-то издание на фестивалот Македонско културно лето во Пустец, Преспа, Р.Албанија. Фестивалот ќе трае до 7 август.

Фестивалските настани со почеток во 19часот ќе се одржат на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец, а организатор на фестивалот е Здружение на Македонците по потекло од Албанија СОНЦЕ – Скопје, чиј директор е Едмонд Сотир.

 „Покрај негативните последици од ковид-19 имаме уште една позитивна вест, станува збор за МКЦ, (Македонски Културен Центар), за кој веруваме дека за наредната 2021 ќе стигнеме да го отвориме во Преспа, Р. Албанија“, стои во соопштението од Здружението на Македонците по потекло од Албанија СОНЦЕ – Скопје.

Фестивалот Македонско културно лето годинава е поддржан од Министерство за култура, градоначалникот на град Скопје, Кромберг и Шуберт, градоначалникот на општина Пустец и од ЕВН Македонија. 

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе