Почина писателот Петко Шипинкаровски

Утрово почина македонскиот писател Петко Шипинкаровски, раскажувач, поет, есеист и автор за деца, информира Друштвото на писатели на Македонија.

Шипинкаровски е роден на 22 септември 1946 година во Будимирци, Битолско. Беше член на ДПМ од 2006 година. Автор е на следните романи: „Откорнати души“ (2003), „Петра“ (2005), „Црна љубов“ (2006), „Дабјак“ (2009), „Златни обетки за Марија“ (2011), „Децата на Марија“ (2012), „Утринска молитва“ (2015) и романизирани монографии: „Кога тргнав, Цвето, во туѓина“ (2006) и „Струшки сведоштва“ (2007). Ги има објавено и збирките раскази „Залезнина“ (2008) и „Еден живот, една приказна“ (2016), како и поетските книги: „Седело на орлица“ (2006), „Бели ветрови“ (2009), „Злоуми“ (2011), „Бели утра“ (2013) и „Доаѓаат дождовите“ (2015). Автор е на драмските текстови „Духот на војводата“ (монодрама, 2003) и „Крлеж на вратот“ (2017), на есеистичката книга „Кога животот е уметност, уметноста живот“ (2014) и на збирката раскази за деца „Разбранувани води“ (2017). 

Погребот ќе се изврши утре, на 27 јануари, во 13 часот, на градските гробишта во Струга. 

 

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе