Почина Панде Манојлов, поет и новинар од Битола

На 72 годишна возраст денеска во Битола почина поетот, писател и новинар во пензија Панде Манојлов, информира Друштвото на писатели на Македонија.

Манојлов беше еден од најплодните македонски поети, автор на повеќе од 30 книги поезија, поезија за деца, раскази, театарски критики….преведуван е на англиски, француски, руски, турски, германски, а најмногу е препејуван на арапски јазик во 15 држави од арапскиот свет. Едно од најпознатите негови поетски дела е „Песна за Палестина“.

Последната авторска песна Манојлов со наслов „Болеста“ ја објави деновиве.

Панде Манојлов членуваше во Друштвото на писатели на Македонија, Македонско научно друштво-Битола и други национални и меѓународни асоцијации, а за својата активност е носител на повеќе награди и општествени признанија.

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе

Многумина од учесниците во македонската сага, нивните деца и внуци прашуваат: Зошто не можеме да се вратиме во земјата на нашите предци?

повеќе

Утрово осамна уште еден ден од ноември, 20-от ден од месецот. Остануваат точно уште 456 дена до 100-годишнината од коморскиот систем во нашата земја.

повеќе