Познатиот ТВ-водител

Почина Миња Субота

Познатиот телевизиски водител Милан Миња Субота почина на 82-годишна возраст.

Фото: скриншот

Според медиумите во Србија, Субота долго време се борел со сериозна болест.

Во саботата, пред шест дена, итно бил пренесен на пулмологија, каде што ја загубил битката со болеста.

Милан Миња Субота е роден на 8 ноември 1938 година во Сараево. Дипломирал на Електротехничкиот факултет, а посетувал и основно и средно музичко училиште, сѐ во Белград.

Тој е автор и водител на Музички тобоган, популарна програма за деца, емитувана дури 18 години. Беше претседател на Асоцијацијата на естрадни уметници на Југославија и на Србија, во управните одбори на Сојузот на композитори на Србија и Здружението на џез, поп, рок и рок музичари на Србија, и член на програмскиот совет на Змаеви детски игри.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе