Почина Јован Ристов, основачот на Управата за заштита на културното наследство

Денеска во Скопје ненадејно почина Јован Ристов, основачот и прв директор на Управата за заштита на културното наследство.

Јован Ристов беше истакнат правник што се бореше за заштита на културното наследство. Ристов беше основач и прв директор на Управата за заштита на културното наследство, а во текот на кариерата работеше и во Националниот конзерваторски центар на Македонија. 

Беше и автор на повеќе книги за споменичното право и за заштитата на културното наследство во Македонија.

Почина на 69 години, а неговите посмртни останки ќе бидат изложени утре од 13 до 14 часот во капелата на Градските гробишта Бутел.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе