Ин мемориам

Почина актерот Кирил Псалтиров

Доајенот на македонскиот театар Кирил Псалтиров, почина на 80-годишна возраст, објави Македонскиот народен театар кој со големо жалење со збогува со него.

Актерот Кирил Псалтиров дипломира на отсекот за актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје, како дел од првата генерација на дипломирани актери. Целиот работен век од 1974 година до пензионирањето го поминува во МНТ. 

Псалтиров беше неразделен дел од театарот. Првата улога во МНТ ја има во претставата „Јунона и Паунот“ (1971), а последна улога му е онаа на Љупче во „Писание“ (2002). Во аналите на МНТ ќе остане запомнет како Тевје во „Свирач на покрив“ (1983), но и по улогите на Освалд во „Крал Лир“ (1972), Оберлајтнант фон Балочански во „Господа Глембаеви“, Крам во „Бертолт Брехт пред комитетот за антиамериканска дејност“ (1977), Д-р Нинковиќ во „Сомнително лице“ (1977 и 1983), Феѓка во „Бесови“ (1978), Ампо во „Чорбаџи Теодос“ (1978), Завиша во „Војна и мир во Груда“ (1981), Попот во „Макавејски празници“ (1983), Боб Мојра во „Бог“ (1984), Солин во „Забуни“ (1989), Кралот Едвард во „Ричард трети“ (1990), Кардиналот Донателов во „Еригон“ и други.

 Псалтиров ќе остане запомнет и препознатлив и по филмските и телевизиски улоги меѓу кои „Пред дождот“, „Најдолгиот пат“, „Време води“, „Пресуда“, „Мисија Лондон“, но и „Волшебното самарче“, „Во светот на бајките“, „Тврдокорни“ и „Македонски народни приказни“. 

Поради мерките за ковид-пандемијата, комеморацијата за актерот Кирил Псалтиров нема да може да се одржи.

 

 

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе