Плевнеш, Василевски и Ѕуба добитници на награда „Златен прстен“

Годинешни добитници на наградата „Златен прстен" за творечки опус се писателите Јордан Плевнеш (Македонија), Ристо Василевски (Србија) и Сергеј и Тетјана Ѕуба (Украина), соопштија од Феникс.

Жирито беше во состав: Христо Петрески (претседател), Ана Багрјана, Виктор Б. Шеќеровски, Марина Мијаковска и Зоран Пејковски (членови).

 

Јордан Плевнеш е автор со интернационално реноме, инаку и ректор на Универзитетот ЕСРА во Скопје. Наградата му се доделува за богатиот поетски, прозен и драмски книжевен опус, а особено за најновиот драмски текст „Вечна куќа“.

Академик Ристо Василевски е познат автор и директор на издавачката куќа „Арка“, а живее и работи во Смедерево (Србија). Наградата му се доделува за неговиот севкупен творечки опус, а посебно за книгата „Храм, сепак храм“.

Брачниот пар Сергеј и Тетјана Ѕуба од Украина се истакнати писатели - автори на голем број дела со поезија, проза, публицистика, есеј, критика и за деца и млади. Наградата им се доделува за нивниот заеднички креативен опус, а специјално за заедничкиот проект за публикување на нивното творештво на 50 странски јазици.

Традиционалната меѓународна награда „Златен прстен“ ја доделуваат издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија Презент“ од Скопје.

Наградата ќе биде врачена на Меѓународниот саем на книгата во Скопје, на 13 април, во 13 часот.

Досегашни добитници на наградата „Златен прстен“ се: Милан Ѓурчинов, Ферид Мухиќ, Светлана Христова Јоциќ, Васил Тоциновски, Петре Бакевски, Веле Смилевски, Тодор Чаловски (Македонија), Фиона Самсон (Англија), Петар Опачиќ, Борислав Павловски (Хрватска), Бања Нацуиши (Јапонија), Владислав Бајац, Момо Капор, Радомир Андриќ, Ева Рас, Душица Илин (Србија).

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе

Денес, кандидати за политички функции се луѓето. Утре, тоа ќе го прават интелигентни машини. И, тие може и ќе победуваат, како што расте незадоволството на граѓаните од човечките политичари.

повеќе

Еден од начините на промовирање подобри меѓуетнички односи помеѓу децата е овозможување подолготраен контакт помеѓу нив што ќе овозможи создавање значајни индивидуални врски помеѓу децата.

повеќе