МУЗЕЈ НА СОВРЕМЕНАТА УМЕТНОСТ

Пикасо, Хокни, Лубарда, конечно, извадени од депо! (ФОТО)

Со присуство на премиерот Никола Груевски, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, повеќе амбасадори, ликовни уметници и голем број љубители на ликовната уметност, отворена е постојаната поставка во Музејот на современата уметност во Скопје.

Прославата на јубилејот – 50 години Музеј на современата уметност во Скопје е обележана со отворање на постојана поставка „Солидарноста - недовршен проект“, со дела во сопственост на Музејот. Поставката зафаќа простор од 3.500 метри квадратни, а застапени се 248 автори со 326 дела, од кои 74 се македонски и 174 странски автори.

За таа цел од јуни 2013 година се санираше галерискиот простор од 1.500 метри квадратни, имаше интервенции во изложбените салони, направена е замена на постојната челична браварија и стакло со современи материјали, надграден е светлосниот парк и видеонадзорот и поставени се специјални сензори за вредните дела во поставката. Финансиските средства за санација и доопремување на МСУ ги обезбедија владата и министерството за култура на Република Македонија.

На отворањето на изложбата директорката на НУ Музеј на современата уметност, Елиза Шулевска, говореше за проектот и за историјатот на музејот од неговото основање до денешен ден, министерката за култура ја потенцираше солидарноста како клучен момент во формирањето на МСУ, додека премиерот ги наброи проектите со кои се санирани и изградени нови музејски капацитети во државата со поддршка на владата.

Во поставка, изложена во три галериски простори на 3.500 метри квадратни, се претставени ликовните дела на Пикасо, Хокни, Петар Лубарда, Џаспер Џоунс, Фернан Леже, Бернар Бифе, Пјер Алешински, уметничките форми и инсталации на Калдер, Јанис Гаитис, скулптурите на Иван Кожариќ, Душан Џамоња, Роберт Јакобсен.

Од македонските автори се поставени делата на Лазар Личеноски, Никола Мартиновски, Петар Мазев, Димитар Пандилов-Аврамовски, Димо Тодоровски, Димитар Кондовски, Душан Перчинков, Јордан Грабулоски, Родољуб Анастасов, Анета Светиева, Александар Станкоски.

Претставените дела се само дел од меѓународната колекција и репрезентативна национална збирка на откупени и донирани над 5.000 дела на околу 2.000 автори од 66 земји на светот, кои по земјотресот во 1963 го дадоа својот придонес во обновувањето на Музејот на современата уметност.

Тони Димков

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе