Пет нови изведби од „Култура во време на корона" во Скопје

Пет нови изведби од програмата „Култура во време на корона" се закажани за денеска во Скопје. Во 14 часот ќе биде емитувана изложбата „Celebrate life во изолација – Изложба: Индог", додека во 16 часот, во паркот во Чаир настап ќе има пејачката Канита Сума.

Како што информираат градските власти, во паркот позади Три Бисери во Аеродром пак, ќе се одржат три настапи, и тоа: во 17 часот настап на групата „In the mood", во 18 часот бендот „Бла Бла Бла" а во 20 часот настап ќе има групата Бени и Нон Стоп.

Од Градот посочуваат дека овие настапи ќе бидат стримувани на фејсбук страната и на јутјуб каналот на Градот Скопје.

 Градските власти потсетуваат дека заедно со градските културни институции, на 13 април годинава објавен е јавниот повик за финансирање проекти како дел од кризните мерки „Култура во време на корона". Идејата на повикот е, како што велат, да се поддржат невработените уметници, односно оние уметници кои што ги загубиле своите редовни приходи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом.

Заинтересираните уметници може да се пријавуваат на https://mkc.mk/vesti/grsk_povik1/

„Со овој повик ќе се поддржат следните видови проекти: Маалски изведби во времетраење до 2 часа; техничката опрема ќе биде обезбедена од културните установи на Град Скопје; и Виртуелни изложби, претстави, перформанси, концерти, работилници за деца..., во времетраење до 2 часа. Сите учесници ќе добиваат еднаков солидарен хонорар во нето износ од 14.500 денари. Повикот ќе трае до завршувањето на вонредната ситуација“, се наведува во соопштението на Град Скопје.

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе