Патот до Алијансата во двотомното издание „Македонија во НАТО“

Триесет и осум радио интервјуа посветени на патот на зачленувањето на земјава во НАТО се објавени во двотомно издание  „Македонија во НАТО“ од новинарот и публицист Свето Стаменов од Македонското радио – Радио Скопје и проф. д-р Трајан Гоцевски, универзитетски професор, експерт од областа на одбраната и безбедноста и министер за одбрана во првата влада од независноста на државата.

Првата од двете книги содржи 20 интервјуа реализирани во попладневните програми „Слушајте радио” и „Актуелно” и во саботната претпладневна програма „Радио спектар” на Македонското радио – Радио Скопје, како и во авторскиот проект „Quo vadis“ во периодот од октомври 2006, кога и почнала интензивната соработка меѓу двајцата коавтори, па сè до мај 2018 година, односно до потпишувањето на Преспанскиот договор со кој  беше надминат речиси тридеценискиот спор со Грција.

За интервјуата, кои во книгата се претставени хронолошки, Стаменов вели дека се посветени на најважните настани кои им дадоа белег на македонскиот евроатлантски пат и на НАТО во тој период: самитите на НАТО во Рига (2006), Букурешт (2008), Лисабон (2009), Чикаго (2012), Кардиф (2014) и Варшава (2016) и очекувањата на Република Македонија од нив, а особено од, како што вели, за нас несреќниот Букурешки самит на кој нашава земја не го доби долгоочекуваното членство, потоа реформите во македонскиот одбранбен и безбедносен систем и исполнувањето на стандардите за членство на Република Македонија во НАТО, придонесот на нашата Армија во мисиите на НАТО…

Втората книга на „Македонија во НАТО” содржи 18 интервјуа реализирани во попладневната програма „Актуелно” и во саботната претпладневна програма „Радио спектар” на Македонското радио – Радио Скопје во периодот од јули 2018, односно од потпишувањето на Преспанскиот договор, па до кревањето на македонското државно знаме пред седиштето на НАТО во Брисел на 30 март 2020 година – чин со кој и симболично беше означено зачленувањето на Република Северна Македонија во најголемата и најсилна политичко-воена меѓудржавна организација во светот,.

Стаменов истакнува дека во интервјуата се обидуваат што подетално да го проследат т.н.. пристапен процес на нашава земја во НАТО, кој финишираше со шпанската ратификација на Пристапниот протокол  и да дадат и одговори на прашањата што значи членството во НАТО за Република Северна Македонија и што ја очекува, односно пред какви предизвици сега е исправена како триесетта полноправна членка на НАТО.

Новинарот и публицист Свето Стаменов и проф. д-р Трајан Гоцевски се коавтори и на книгите „Македонски безбедносни лавиринти“ (2015) и „Армија на мирот“ (2017), која беше посветена на 25-годишнината од формирањето на Армијата на Република Македонија, како и на трилогијата „Македонски безбедносни лавиринти“ објавена минатата година.  

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе