Отворено студио во „Арт Поинт – Гумно“ во Слоештица

Меѓународниот центар за уметност „Арт Поинт – Гумно“ во село Слоештица, Демир Хисар денеска од 17 до 21 часот ќе ги отвори портите за сите љубители на уметноста што сакаат да ги запознаат уметниците и да ги видат делата создадени за време на 20. интернационална уметничка колонија.

Во периодот од 18 јуни до 3 јули 2022 година на креативното гумно во селото Слоештица престојуваат и творат шестмина уметници - Памела Тол од САД, Беате Куне од Германија и Синиша Новески, Јасмина Главинче, Владимир Симоновски и Сандра Котевска од Македонија.

Фокусот на колонијата годинава е во знакот на уметноста и природата, односно како уметноста може да ја промовира природата којашто сама по себе е најсовршениот уметник.

„Преку творечки дијалог и со иновативни уметнички реализации во различни медиуми, од коишто дел се инспирирани од локалната традиција, уметниците создадоа дела што предизвикуваат восхит“, соопшти „Арт Поинт – Гумно“.

Инкау, проектот е делумно поддржан од Министерството за култура.

 

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе