Отворено 40-то издание на фестивалот „Браќа Манаки”

Јубилејното издание на фестивалот „Браќа Манаки“ свечено беше отворено вечерва во Центарот за култура во Битола. Фестивалот за отворен го прогласи претседателот на државата, Стево Пендаровски, а дел од свеченоста беше и доделувањето на „Златната камера 300“ за животно дело на големиот светски и американски директор на фотографија Едвар Лакман.

 

Наградата му ја додели претседателот Пендаровски, а публиката го поздрави со громогласен аплауз. Лакман се заблагодари за наградата и рече дека сакал со години да дојде на фестивалот.

„Можеби се чини дека добивањето на наградата е завршница, но тоа е постојан процес на учење“, рече Лакман.

Во Битола се и филмските ѕвезди: Хозе Луис Алкаинe, директор на фотофрафија на филмот „Болка и слава“ од Педро Алмодовар, со кој беше отворен фестивалот. 

Директорката на фестивалот, Гена Теодосиевска, рече дека за нив, овој филм на Алмодовар е морален победник на фестивалот во Кан.

На свеченото отворање, публиката во Центарот за култура во Битола го виде и перформансот чиј режисер е Срѓан Јаниќијевиќ, кој вели дека тој е во контекст на годинешното мото на јубилејното издание на Фестивалот.

„Се работи за своевидно синематично доживување во кое и публиката е вклучена како актер, како еден фрејм од ‘филмот’. Доживување во кое реалноста се претопува во уметност, и обратно. Перформансот го работиме со Искра Шукарова и со режисерот Јохан Мелин од Шведска“, вели Јаниќијевиќ.

Сценографијата е на Марија Ветероска и Влатко Чачоровски, а костимите се на Марија Папуческа. Музиката е ремикс на Илија Цветковски од тема од „Среќна Нова 49-та“ на Љупчо Константинов. Во перформансот (покрај публиката) учествуваат студенти на ФМУ (Катедра за балетска педагогија) и Стефанија Милев.

Со одлука на организаторот, на јубилејниот фестивал ќе биде доделена Златна „Камера 300“ и на француско-грчкиот директор на фотографија Јоргос Арванитис, а со одлука на Друштвото на филмски работници на Македонија, наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ ќе му биде врачена на композиторот Љупчо Константинов.

Интернационалниот фестивал на филмската камера во Битола е најстар фестивал во светот посветен на филмските кинематографери кој прв пат се одржа во 1979 година во чест на браќата Јанаки и Милтон Манаки. Од 1991 година фестивалот има натпреварувачки карактер.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе