Во локалната библиотека „Гоце Делчев" во Велес

Отворена патувачката изложба „Патот на Сефардите"

„Патот на Сефардите" или „Патот на Евреите од Шпанија" е изложба која попладнево беше претставена во медиотеката на локалната библиотека „Гоце Делчев" во Велес.

На изложбата, на 20 големи паноа со фотографии во боја беа прикажани градови во Шпанија каде што живееле Евреите Сефарди.

Изложбата ја презентира Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија во соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје, а во реализација на шпанското здружение „Каминос Де Сефарад".

Како што појасни за МИА Жаклина Муџева од Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите, целта е публиката  да се запознае со животот на Евреите во Шпанија, да ја видат прекрасната архитектурата и се' она што ги имале како нематеријално и материјално кутурно наследство.

„Овие фотографии претставени на изложбата се убав колаж од животното секојдневие на Евреите Сеферди во Шпанија. Изложбата била претставена во големите европски градови па и Јапонија. Изложбата ја добивме преку Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје по повод 25 години од нејзиното отворање во земјава, а премиерно беше отворена лани ви јули во Скопје“, рече Муџева.

Најголем дел од Евреите кои живееле во Македонија до Втората светска војна се Сефарди од Шпанија,а само две семејства се Ашкенази кои се по потекло  од Германија и Полска.

Како пример за нивното повеќевековно присуство во земјава, Мурџева посочи дека многу градби кои ги има во Шпанија како некои мостови се многу слични како мостовите во Кратово, и други архитектонски  градби од шпанските градови кои ги има и во земјава.

По Скопје, Штип, Струмица, Гевгелија, Неготино и Велес, патувачката изложба на Евреите Сефарди од Шпанија ќе биде претставена и во Гостивар и Битола.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе