Велешко културно лето 2020

Отворена изложбата „Велес низ старите фотографии“

Во рамки на „Велешкото културно лето 2020“, во Ликовниот салон во Велес е отворена изложбата „Велес низ старите фотографии“ која го прикажува развојот на градот во период од стотина години.

Изложбата ја изработија Марин Клифов и Павлина Василева од Народниот музеј.

На 30 паноа се претставени над 150 фотографии од 1863 година до 60-тите години на минатиот век, а уште 100-тина фотографии од стар Велес собрани од велешиот хроничар Љупчо Данов посетителите може да ги видат преку видео проекција.

Клифов, отворајќи ја изложбата, рече дека најстарата фотографија датира од 1863 година и на неа е претставена панорама на Велес на која се гледа товарен чамец на Вардар. Фотографијата е направена од германски автор кој бил на пропатување низ Македонија.  

„Податоците за постоење на градот се од 217 година пред нашата ера. Градот неколкупати го менувал името кое се среќава од 11 век. Кон крајот на 18-ти и почетокот на 19 век Велес добива христијански обележја и прераснува во град со 20 илјади жители. Во средината на 19 век станал познат трговски и културен центар на Македонија. Велешките трговци тргувале со Србија, Австрија, Италија, жито, ракија и вино извезувале за Солун по Вардар со гемии, како и со каравани низ централна и Источна Европа. На овој начин се создале услови за силен економски, но и духовен подем на градот кој добива нова урбана слика“, потенцира Клифов.

Велес од безлична станбена територија, се претворил во град со развиени архитектонски обработки, со нови претежно христијански општествени функции: цркви, училишта, работни зони и чаршија. Во овој период се формирал и специфичниот стилски белег на велешката архитектура која се одвојувала од другите градби во Македонија. По ослободувањето, дел од овие стари градби се ставени под заштита на државата, а првично бројот на овие куќи со стара архитектура бил триесетина.

„По ревизијата на вработените во Народниот музеј при крајот на 2000 година од овие куќи се останати само девет од кои дел се реновирани по иницијатива на локалната самоуправа и Заводот за заштита на спомениците на културата. Останатите денес се во незавидна состојба и секој момент се очекува да се срушат. Со тоа Велес засекогаш ќе ги изгуби овие прекрасни градби од крајот на 19-тиот и почетокот на 20 век. Останува надлежните итно да направат напори да не се изгуби ова архитектонско благо од минатото“, рече Клифов.

Тој информира дека Народниот музеј поседува богата збирка на стари фотографии од градот, но за да се претстават пред јавноста треба да се зголемат факсимили на паноа, а за тоа се потребни финансиски средства. Тој очекува поддршка од надлежните и наскоро оваа интересна изложба да биде збогатена со уште стари фотографии од Велес.

МИА

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе