Музејот на македонската борба за самостојност

Отворена е изложбата „100 раритети на руската државност“

Денеска, по повод Денот на народното единство на Руската Федерација во Музејот на македонската борба за самостојност се отвори документарната изложбата „100 раритети на руската државност.

На отворањето присуствуваа претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, министерот за култура Хусни Исмаили, поглаварот на МПЦ и реисот на ИВЗ како и амбасадорот на Русија во Македонија Сергеј Баздникин.

Организатори на изложбата се Федералната архивска агенција, Државниот архив на Руската Федерација и Амбасадата на Руската Федерација во Македонија.

На свеченото отворање на изложбата беше изразено задоволство поради можноста и граѓаните на Македонија поблиску да се запознаат со историскиот развој на Руската Федерација. Беше изразено уверување дека особен интерес кај посетителите, меѓу другото би предизвикале и кирилските текстови, кои сведочат за длабоките врски на Русија со словенските народи. Ваквите настани го потврдуваат длабокото пријателство меѓу двете држави, кое е поврзано со афирмацијата и зачувувањето на духовните вредности и културни стремежи.

Во своето обраќање пред присутните, министерот за култура Исмаили истакна дека денешната изложба и практично, на дело, ги покажува длабоките врски на Русија со словенските земји, но и го потврдува пријателството меѓу нашите две држави, кое е длабоко и е поврзано со афирмацијата и зачувувањето на духовните вредности и културни стремежи.

„Сметам дека ваквите активности се одлична можност за продлабочување на институционалната соработка, но тие се и вистински повод за подобро запознавање на двете култури“, нагласи министерот за култура Исмаили. Тој додаде дека Министерството за култура е длабоко посветено на унапредувањето на културните релации со Руската Федерација, која е голем пријател и поддржувач на нашата држава.

„Уверен сум дека и во иднина ќе реализираме уште многу други заеднички проекти преку кои ќе ја потврдуваме важноста на културата“, рече Исмаили.

Уникатните документи кои се дел од оваа поставка, за првпат беа претставени лани во Москва на изложба реализирана по повод одбележувањето на 100 годишнината од државната архивска служба во Русија. Овој проект, како што денеска беше нагласено, предизвикал огромен интерес, бидејќи за првпат на едно место биле собрани автентични писмени извори кои отсликуваат различни етапи од афирмацијата на руската државност.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе